Две лица се потешко повредени во две одделни сообраќајки коишто се случиле вчера на подрачјето на Велес и во битолскиот регион, соопшти полицијата. Во Велес, на улицата „Благој Ѓорев”, пред трговски центар, вчера возило „Хјундаи” управувано од Т.М. (27) од Велес удрило во пешак З.К. (78).
-Во несреќата З.К. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Велес, соопшти полицијата.
Истиот ден во СВР Битола било пријавено дека на патот А-3 Битола-Ресен, пред место викано „Ротинска крстосница”, камион „Мерцедес спринтер”, управуван од Б.Т.(58) од струшкото село Загорчани, удрило во метална заштитна ограда.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Битола. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола, се наведува во информацијата.