Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, прв дојде на денешната средба со Зоран Заев.
Без никакви детали околу тоа што ќе се разговара денеска, тој само искоментира: -Преговорите ќе продолжат. Не зборуваме за кадровски решенија.
На прашањето за што ќе се разговара денеска, Гаши не одговори и влезе во салата каде што ќе се одржи средбата.
За разлика од Гаши, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, како и минатиот пат рече дека нема да има изјави, туку соопштение.
СДСМ и Алтернатива се договорија за програмскиот концепт, а сега останува да се договорат за кадровските решенија, информираа и од Владата пред два дена.
Новата средба на Гаши и Заев доаѓа по партиските консултации кои ги направија.
И на ова средба, како и на претходната, Заев беше придвижуван од заменик-министерот за финансии и кандидат за нов претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски.