Dark Mode Light Mode

Неколку часа центарот беше под полициска блокада поради пријава за лажна бомба во МНТ

Пријавата за напад во билетарницата на Македонскиот народен театар била лажна, вели Министерството за внатрешни работи по направените проверки. Тие велат дека постапиле на терен, а по евакуацијата на повеќе објекти меѓу кои и државни институции, направиле целосна проверка. Не било утврдено дека има експлозивна направа.

-Ја известуваме јавноста дека МВР ги направи потребните проверки и утврдено е дека пријавата за напад е лажна. Се преземаат мерки за утврдување на пријавата и преземање на соодветни мерки и санкции против личноста која лажно пријавила. Им благодариме на граѓаните за трпението, и на медиумите за професионалниот однос кон ситуацијата, велат од МВР.

Инаку, пријавата во полиција дојде нeколку минути до 17 часот, кога непознато лице се јавило во билетарата на МНТ. Полицијата ги блокираше сите улици кои водат до објектот на МНТ, а околните згради ги испразни.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Пријава за експлозивна направа во МНТ, евакуирани повеќе објекти, центарот е блокиран

Next Post

Злоупотреба на матичните лекари: Ни возач во автобус не продава билети?

Реклама