Dark Mode Light Mode

Возовите се вратија во сообраќај – железничарите го добија делот од октомвриската плата

Патничкиот и железничкиот сообраќај од попладнево е нормализиран, откако на вработените во железничките претпријатија им е исплатен вториот дел од октомвриската плата што беше причина за неколкудневниот бојкот на синдикатите.

Исполнето е барањето, потврдуваат од синдикатот, но напоменуваат дека повторно ќе ја прекинат работата, доколку продолжи праксата со доцнење на исплатата на платите.

Согласно со дописот што претходно го имаа испратено до раководството на компанијата, доколку до 25 во месецот не им биде во целост исплатена платата за претходниот месец, повторно ќе го блокираат сообраќајот.

Реклама

Железничкиот сообраќај беше во прекин од 26 овој месец. 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Уште 43 Авганистанци си заминаа од земјава

Next Post

Судот во Стразбур одби да ѝ наложи на државата да го пушти Камчев во домашен притвор

Реклама