Двокатен автобус на ЈСП околу 19 часот се запали на булеварот „Трета македонска бригада“ во Скопје, во близина на „Раде Кончар“.
Пожарот избувнал во задниот дел на автобусот, каде што се наоѓа моторот и зафатил дел од инсталацијата. Меѓутоа, како што велат од Противпожарната бригада на Град Скопје, брзо било интервенирано и пожарот е изгаснат уште додека бил во почетна фаза.
Според информациите и од противпожарната служба и од МВР, нема повредени лица во пожарот.