Често е касапана на македонските сообраќајници. Има многу здивени возачи кои предизвикуваат и тешки сообраќајки. Страдаат луѓе…
Ќе донесе ли правда и правичност во однос на санкционриањето на тешките сообраќајни прекршоци новото законско кривично дело што го најави министерот за правда Бојан Маричиќ? Најавата дека во иднина ќе се одговара за „Безобзирно управување со моторно возило“ дојде по скандалозните судски пресуди со кои се изречени условни пресуди на одговорните за сообраќајка во охридско во која животот го загубија две момчиња, за скандалозната квалификација како „небрежност“ на сообраќајката која ја предизвика познат лик, а во неа загина човек… Тоа се само последни примери кои ја превршија чашата на незадоволството на граѓаните во однос на начинот и на висината на казната која ја изрекнуваат судовите за вакви дела.
Сега, министерот Маричиќ најавува дека со новото кривично дело ќе се пропише затворска казна и до три години, односно, казна затвор од 4 години доколку има и смртни последици. Од една страна добро е што се воведува вакво дело и што се заоструваат казните. На сепак на хаосот и дивеењето во сообраќајот, очигледно, може да им се застане на крајот само со спроведување на законите, ане со нивно пишување.
И до сега постоеја законски одредби кои налагаа соодветно казнување на сторителите. Не многу големо, но сепак не ни толку мало какво што изрекнуваа судовите. Всушност, од непостоењето на соодветно кривично дели и казна поголем проблем е што во нашите судови се правеа правни вратоломии со кои, на крајот, и она што било очигледна вина се претставувало со низа „олеснителни“ околности. Типичен пример за тоа беше случајот со Зоран Милески, кој претекнува на полна линија и предизвикува тешка сообраќајка во која загинува едно лица, а повеќе се повредени. Во судот, таквото дело било третирано како „небрежност“!? А може ли да биде небрежност претекнување на полна линија на коловозот, како што оправдано постави прашање адвокатката Сузана Јошевска – Атанасовска. Но тоа не пречело на некои во судските инстанци така да го квалификува делото и да се спогоди со Кичеец за шесмесечна затворска казна.
Значи, колку и да се менувале законските одредби, ако и натаму се случуваат ваквите правни игри, правдата и натаму ќе биде недостижна за жртвите. А здивените возачи ќе си тераат по старо потсмевајќи се на законот на Маричиќ.