Dark Mode Light Mode

Мерка „колку да се рече“: Исто ли ќе ги „ловите“ лажните сертификати како и до сега?

Од денеска без примени две дози вакцини нема да може да се влезе во угостителски објекти и други затворени настани, бидејќи така одлучи министерството за здравство. Дали оваа мерка е за да се скроти вирусот или повеќе е ќе биде стимулативна за граѓаните кои не сакаат да се вакцинираат? Ако судиме според она што до сега се случуваше на тема кампања на здравствените власти за да ги поттикнат луѓето да се имунизираат, веројатно одговорот е негативен.

И до сега, некои лица кои не сакаа да се имунизираат набавуваа лажни сертификати и така ги посетуваа моловите, угостителските објекти, концертни и други манифестации. Оттука е јасно дека поинаку и нема да биде, бидејќи на влезот од овие објекти стојат лица кои немаат право да го легитимираат оној кој влегува, а доволно е лицето да покаже сертификат за вакцинација, за кој нема гаранција дека му припаѓа нему. Ваквата ситуација му е добро позната и на министерот за здравство, но тој, едноставно порача дека ситуацијата ја остава на свеста и совеста на граѓаните.

Угостителите пак се нервозни. За нив значи уште еден удар врз прометот и посетеноста, финансиска загуба за која државата нема солуција како ќе им ја надомести.

Реклама

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Што сега работи македонскиот дел од историската комисија?

Next Post

„Тоска“ на Џакомо Пучини во режија на Драганов од Бугарија во среда во МОБ

Реклама