Под режија на Огњан Драганов од Бугарија, на 17 ноември во Македонската опера и балет ќе биде изведена операта “Тоска“.
Во ова ремек дело на Џакомо Пучини, Весна Ѓиновска-Илкова и Зоран Сотиров ги толкуваат улогите на главната хероина Тоска и на нејзиниот љубовник Каварадоси, а Борис Трајанов е во улогата на злобниот Скарпија. Се разбира, дел од претставата се и хорот и оркестарот на МОБ.