Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против шест лица и тоа пет мажи и една жена, на возраст од 19 до 42 години, за кривично дело насилство.
Тие на 12 ноември, влегле во куќата на едно лице на улицата „Морава“ и со секири, ножеви, рачки од секири и други тврди предмети започнале да ја демолираат куќата, а на едно од присутните лица во домот му нанеле убодна рана со нож. Физички ги нападнале и другите присутни во домот, со тупаници, клоци и тврди предмети, нанесувајќи им телесни повреди.
За сите осомничени јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлози за определување мерка притвор.