Dark Mode Light Mode

Колку време ќе мирува оставката на Заев – целиот мандат или до догодина?

Усно најавената оставка од премиерот Зоран Заев нема да биде и писмено доставена до Собранието. Лидерот на СДСМ ќе почекал „додека не се стабилизира ситуацијата во државата“. Вака одлучиле највисоките органи на СДСМ, оставките да бидат одложени на неопределено време. Ова го објасни самиот Заев кого по изборите го снема во јавноста.

– Уште еднаш напоменувам вечерта на 31 октомври кога ги објавив оставките од двете функции реков останувам периодот за да се посветам, да помогнам во одржувањето на парламентарното мнозинство, ако може тоа парламентарно мнозинство и да порасне. Деновите се пред нас, секако тоа ќе го дознаеме сите, изјави Заев.

Што значи тоа неопределено време, дали оставката ќе мирува целиот мандат или можеби само по идната пролет? Не беше разјаснето и што според Заев е „стабилизирање на ситуацијата во Македонија“ по што ќе ја активира оставката?

Реклама

Инаку, по завршувањето на состаноците на партиските органи, Заев на прашањето како е да се биде 10 дена без медиуми одговори дека „слободата е убава работа“.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

ВМРО-ДПМНЕ: Заев прави очајни потези

Next Post

Што беше толку важно за Шилегов да брза со украсување на Скопје за 243.000 евра?

Реклама