Енергетската криза во Македонија е се посериозна. За разлика од соседните земји кои на време презеле соодветни мерки кај нас се чини дека е можно да бидат воведени рестрикции во испораката на струјата.
Состојбата е таква што од сите бара сериозен однос. Властите мора да се експедитивни или да се постават нови луѓе на одговорните места кои тоа го можат, а од друга страна и граѓаните да мислат повеќе на рационалното трошењето на електричната енергија.
Можеби не е вообичаено во 21 век да се вежба штедење на струја, но кога веќе не донесоа во таа состојба ( а и добро е да се заштеди од домашниот буџет) да си повториме како може да се заштеди струја:
- Не мора да ви биде вклучено осветлувањето во сите соби, односно вклучете само каде има потреба. Ако ги замените светилките за штедливи ќе трошите помалку енергија.
2. Рационално да се користи машината за перење. Возможно е со помош некои детергенти да се пере и на пониски температури.
3. Машината за перење на садови треба да се пушта во употреба само кога е целосно наполнета.
4. Системот за греење треба да биде поставен на околу 20 степени. Навечер доволно е да биде на околу 15 до 17 целзиусови степени.
5. Не го оставајте мониторот или компјутерот на “stand by” кога не се во употреба.
6. Електричните апарати трошат струја и кога се „угаснати“ ако не се исклучени од струја. Трошат дури и продолжените кабли.
7. Фрижидерот ефикасно работи и ако температурата е подесена помеѓу 3–от и 5–от степен, а замрзнувачот малку под нулата.
8. Користете ја топлата вода од бојлерот рационално. Пожелно е кога еднаш се загрее бојлерот, што повеќе луѓе да ја искористат водата во побрз временски период.
9. При готвење исклучете ја рерната или ринглата 5 минути порано. Скоро секогаш тие се доволно загреани и имаат акумулирано доволна топлина за да се доврши јадењето….