Dark Mode Light Mode
Има 99 лица позитивни на ковид кои примиле трета доза
Новото градско раководство ќе го раскине договорот за новогодишно украсување на Скопје
До недела стабилно, од понеделник дожд

Новото градско раководство ќе го раскине договорот за новогодишно украсување на Скопје

Соочени со енергетската криза која е во тек, а имајќи во предвид дека државата набавува електрична енергија со драстично повисока цена, како и во согласност со владината одлука за прогласена кризна состојба во енергетскиот сектор, сакаме да ја информираме јавноста дека Град Скопје побара раскинување на договорот со Линк медиа плус дооел за новогодишно украсување на градот во вредност од 14.986.000 денари односно 243.000 евра, информираат денеска од Град Скопје.

Следната година наместо досегашната практика на ангажирање на компанија за украсување, Град Скопје ќе набави украси кои ќе бидат сопственост на Градот со што ќе се заштедат значителни средства од градскиот буџет кои досега секоја година се трошеле за еднократен годишен закуп на овие украси.

Ова, велат од Град Скопје, е само прв пример за воспоставување нова пракса на одговорно и транспарентно работење на Градот, со што, потенцираат, ќе се стави крај на неодговорното работење и трошење на градските буџетски средства.

Реклама

На Бирото за јавни набавки се појави договорот за украсување на главиот град кој екс градоначалникот Петре Шилегов го потпишал на 3 ноември со фирмата Линк Медиа плус која со години го прави тоа.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Има 99 лица позитивни на ковид кои примиле трета доза

Next Post

До недела стабилно, од понеделник дожд

Реклама