Бројот на починати од корона вирус во Македонија за жал се зголемува секојдневно и се ближи до бројката од осум илјади лица, а веќе надмина 7.250. Со тоа, нашата држава и натаму е во самиот светски врв кога се работи за бројот на починати на еден милион жители.
Дали големата бројка на пациенти кои ја загубиле битката со корона вирусот ќе ги сепне дополнително здравствените власти? Дали ќе се потрудат повеќе да го најдат одговорот – што е тоа што треба да се направи смртноста да не биде така висока? Доволна причина за тоа е што гледано во светски рамки просекот на смртноста на пациенти е 652 лица на еден милион жители, а кај нас тоа е неколку пати повеќе!?
Сето тоа надлежните мора веднаш да го анализираат. Во прашање се човечки животи. Многу можат да бидат спасени ако здравствениот систем е поодганизиран и поподготвен за делување.
За мерките кои се носат како превентива, а голем дел од нив се нефункционални или недоволни, треба да се отвори исто така брза расправа. Нелогичностите од мерките се рефлектираат на терен. Дали во Комисијата треба да влезат и други доктори, е исто така прашање на кое мора брзо да се одговори.
Секако високата бројка на починати треба да ги сепне и самите граѓани. Мора сите да се однесуваме поодговорно и повнимателно.