Dark Mode Light Mode

Нема извештај за трошоците во кампањата, нема пари од Буџет, а ќе има и казни

Државниот завод за ревизија денеска преку соопштение ги потсети сите учесници во изборната кампања дека се должни во рок од 20 дена од денот на настапување на предизборниот молк за првиот круг, односно до 4 ноември 2021 година, да поднесат Извештај со спецификација на трошоците за приходите и расходите на трансакциската сметка за изборна кампања од денот на нејзиното отворање до завршувањето на првиот изборен круг.

Од ДЗР истакнуваат дека ако не бидат доставени вакви извештаи можат до Државната изборна комисија да достават барање за суспензија на исплатата на надоместокот на трошоците за финансирање на изборната кампања за локалните избори за 2021 година кои им се исплаќаат од Буџетот на учесниците во изборната кампања.

Исто така,  согласно одредбите од член 189 став 4 од наведениот Закон пропишана е глоба во износ од 9.000 евра во денарска противвредност која ќе им се изрече за прекршок на политичка партија, коалиција односно независен кандидат ако не поднесат извештај за финансирање на изборната кампања во предвидениот рок од членот 84-б од Изборниот законик, потсетува ДЗР.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Антикорупциска не виде проблем што фирмата на партнерот на Царовска добива тендери од Град Скопје

Next Post

Поднесени приговори за гласањето во Старо Нагоричане, Шуто Оризари, Конче и Кочани

Реклама