Dark Mode Light Mode

Овој месец поскапе зеленчукот, сирењето, месото, шеќерот-поевтини маслото

Трошоците на животот во август годинава се за 0,6 отсто повисоки во однос на јули 2021, а цените на мало пораснале за 0,4 проценти.

Во однос на август 2020 година, пак, трошоците на животот бележат зголемување од 3,6 отсто, а цените на мало за 4,9 проценти.

Според Државниот завод за статистика, пораст на трошоците за живот во август, во споредба со јули, има кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 15,8 отсто, сирењето и урдата за 1,1, месото за 0,9, лебот и житата за 0,7, млекото за 0,6, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,3, жестоките пијалаци за 0,2 отсто.

Реклама

Во август, исто така, пораст за трошоците на живот има и кај гасот за домаќинствата за 5,6, туристичките пакет-аранжмани за 3,1, моторните возила за 0,7, горивата и мазивата за сопствените превозни средства, услугите за сместување за 0,6, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, информатичката опрема за обработка на податоците за 0,5, мебелот и покуќнината, малите електрични апарати за домаќинствата, патниот патнички транспорт, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0,4, ткаенините за изработка на облека, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, книгите, другите апарати и производи за лична хигиена.

Намалување пак има кај маслото и маснотиите, свежото и разладеното овошје за 0,7 отсто.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Се судрија три возила во Чаир, двајца повредени

Next Post

Со лажни негативни тестови сакале да излезат од државата-фатени на Табановце и на скопски аеродром

Реклама