Две лица од Скопје се приведени поради сомнение дека извршиле кривично дело кражба во куќа, информира полицијата.
Тие се уапсени пред два дена од страна на полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Кисела Вода. Се работи за Е.Х.(31) и П.П.(27) двајцата од Скопје за кои имало сомнение дека 31 август на ул. „Кумановска“ извршиле кражба во куќа, при што одзеле пари и златен накит.
Со нив бил извршен разговор во кој тие ппризнале и го појасниле начинот на кој ја направиле кражбата.
Според полицијата, се преземаат и дополнителни мерки и активности за расчистување и документирање на делото, по што ќе следува соодветен поднесок.