СВР Скопје денеска соопшти дека пред три дена, во попладневните часови, го фатиле малолетникот за кој постоеле основани сомненија дека сторил три кражби казниви по член 235 од Кривичен законик.
Дека сомневањата се основани покаќал разговорот со малолетникот во присуство на родител, при што кај него се пронајдени украдените предмети кои се одземени.
За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.