Dark Mode Light Mode

ДЗС не потврдува дека не се попишува – имало „помали технички предизици“

Државниот завод за статистика не потврдува дека пописот денеска не се спроведува. Но од соопштението индиректно се дознава дека операцијата која се чека 20 години на петтиот ден е стопирана.

– Во тек е надминување на помали технички предизвици кои повремено се појавуваа претходните денови кога на терен имаше висок интензитет на попишување. Сите внесени податоци се успешно процесирани во системот, а техничките усогласувања се прават со цел процесот да продолжи со несмален интензитет, се вели во соопштението од ДЗС.

Од ДЗС, посочуваат дека досегашната динамика на попишувањето на терен – 200.000 попишани граѓани, е гаранција дека заклучно со 30 септември успешно ќе бидат попишани населението, домаќинствата и становите на територијата на целата земја.

Реклама

За само  пет дена ова е втор „куршлус“ во најобемната статистичка операција.

На вториот ден попишувачите се соочија со пад на системот, а проблемот се обидоа да го префрлат на интнет провајдерот, Македоски телеком, кој веднаш демантираше дека проблемот е кај нив. Тоа ги принуди од ДЗС да се извинат и да принзаат дека изјавата била несреќно дадена.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Фатен малолетник што крадел низ скопски Аеродром

Next Post

Откако ги фатиле, на полицијата и објасниле како украле накит од куќа од Кисела Вода

Реклама