ВМРО-ДПМНЕ смета дека за вчерашната трагедија во тетовската модуларна ковид- болница потребна е неутрална и објективна истрага и лоцирање на целосна одговорност за вчерашната трагедија, но без оставка на премиерот Зоран Заев и Венко Филипче кои што можат да влијаат на истрагата велат дека таа нема да биде можна.
-Во овој случај доколку не дадат оставка Зоран Заев и Венко Филипче ќе истражуваат за пропустите на Венко Филипче и Зоран Заев. Класичен апсурд, изјави портпаролот Димче Арсовски, по прес-конференцијата на министерот Филипче.
Опозицијата го критикува Филипче дека не одговорил на ниту едно прашање кое што ја интересира јавноста и кое што му се поставува цел ден – и посебно тоа што рече дека нема да поднесе оставка.
-Воедно тој не знае дали чувствувал морална одговорност и ќе го чекал извештајот на Оливер Спасовски, рече Арсовски.