Dark Mode Light Mode

Турската претстава „Венера во крзно“ вечерва на театарскиот вестивал „Скупи“

„Венера во крзно“ претставата на турските актери од театарот Јолџу од Истанбул, е вечерва на репертоарот на третиот ден од 14 по ред Меѓународен театарски фестивал Скупи, кој се одржува во Куршумли Ан. На 10 септември пак доаѓаат актери од Софија со преставата „Соба за гости“ во режија на Зафир Раѓаб.

В сабота на 11 септември на програмата предвиден е Народен театар Тузла, со преставата „Крекање“ на Алеш Курт, а затворањето е на 12 септември со „Пикасо и Ајнштајн во еден бар во Париз “ од театар Метропол Тирана во режија на Армела Демај.

На крајот ќе се бираат и најдобри, оти Скупи фестивалот има и натпреварувачки карактер, а жирито е составено од Тауланда Јупи, режисерка од Тирана, Аделина Марку и Елмазе Нура, режисерка од Приштина.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Жртвите соопштени на Твитер, државниот врв синоќа не застана пред камери- денеска вонредна владина седница

Next Post

Бројот на жртви во пожарот во Тетово се искачи на 14, се испитува дали има и други починати лица

Реклама