Иницијативата против урбаното дивеење во Ѓорче Петров денеска најави дека ќе оргганизира протести доколу локалната власт не се откаже од планот за дополнување на ДУП во општината кој предвидува нови гради.
Од Иницијативата преку медиумите укажуваат дека в понеделник, на 30 август во 10 часот е закажана седница на Комисијата за урбанизам и заштита на животната средина со единствена точка на дневен ред – Дополнување на ДУП Градска четврт СЗ 03, Блок 3, за веднаш потоа во 12 часот да се одржи седница на Советот на општина Ѓорче Петров каде што исто на дневен ред покрај останатите точки се наоѓа и дополнувањето на ДУП-от.
-Оттука се гледа дека локалната власт продолжува да соработува со урбаната мафија, велат од граѓанската иницијатива.
Тие потсетуваат дека согласно внатрешната пракса на Државната комисија за спречување на корупцијата, во предизборие носењето на детални урбанистички планови е забрането поради можност за тргување со влијание.
Затоа бараа веднаш општината да ја повлече оваа точка од дневен ред, а во спротивно најавуваат протести.