Времето во земјава ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а во источните од јужен правец. Попладне претежно во источните делови ќе има појава на локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Утринската температура ќе се движи од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 6.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе достигне до 32 степена.