Тројца лекари специјалисти се пријавени во Лекарската комора за антиваксерско дејстување, соопшти денеска првиот човек на комората Калина Гривчева-Стадрелова.
Таа вели дека со овие лекари ќе се разговара, но дека како Комора немаат законска основа да покренат санкции против нив, бидејќи нема пријави дека овие лекари во своите ординации убедувале пациенти да не се вакцинираат.
-Имаме за тројца доктори за објава на фејсбук-статуси. Затоа и ги повикавме стручните здруженија да се ангажраат повеќе, да дадат аргументи затоа што ова е ситуација на непознаници, за нова вакцина, нова област, се работи за многу починати и заболени, вели Гривчева-Старделова.
Пред два дена Комората ги повика граѓаните да ги пријавуваат лекарите и медицинските лица кои објавуваат шпекулации и невистини за вакцинацијата и коронавирусот.