Dark Mode Light Mode

Петочна гужва на Табановце – за излез се чека до 45 минути

Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето на чекање за излез од државата е  30 до 45 минути.  На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти вечерва АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Тројца лекари се пријавени во Комората за антиваксерство, нема докази дека тоа го правеле во ординација

Next Post

Се поголем број починати-денеска 36, меѓу нив и 24-годишно момче, над илјада новозаразени

Реклама