Dark Mode Light Mode

Зошто две години не слушнавме кои се амбулантските протоколи и терапија за лечење на ковид во Македонија?

Кои се амбулантските протоколи според кои се лекуваат ковид случаите во болниците? Македонија речиси две години во пандемијата никогаш официјално не излезе со листа на чекори и терапии кои им се даваат на пациентите при амбулантното лекување на вирусот.

Земјите од регионот отворено зборуваат за здравствените протоколи според кои дејствуваат лекарите, а за причините за смртност кај младите се прават анализи детални. Кај нас за многу кус временски период 21 и 24- годишен пациент починаа како последица на ковид-зараза. Темелни анализи за начините на кои биле третирани, за нивните здравствени состојби, и други важни фактори не слушнавме. Објаснувањето на здравствените власти е дека имале комобирдитети, или пак воопштеното што повеќе пати го повторија за време на овие две години, дека луѓето „доцна се јавувале на доктор“.

Во меѓувреме Македонија изби на петто место по смртност од ковид 19 на 1 милион жители во Европа, додека Грција е на 27, Албанија на 37, Србија на 39 место. Зошто никој не ги објаснува јасните протоколи и терапија со која надлежните го третираат вирусот?

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Се поголем број починати-денеска 36, меѓу нив и 24-годишно момче, над илјада новозаразени

Next Post

Времето денес ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер

Реклама