Dark Mode Light Mode
СДСМ: Димитриевски ѝ сврте грб на партијата
Комисијата за заразни болести ќе одлучува дали школите во Тетово да почнат со онлајн настава
Богоев потврди дека партијата го спрема за Царина - дали ќе биде, не знае

Комисијата за заразни болести ќе одлучува дали школите во Тетово да почнат со онлајн настава

Комисијата за заразни болести утрово одржала состанок за барањата на Кризниот штаб на Општина Тетово, учебната година таму да започне со онлајн настава наместо со физичко присуство на учениците.

– Во координација сме со градоначалничката на Општина Тетово и ние и Министерството за здравство. Сабајлево се одржа состанок на Комисијата за заразни болести и веднаш штом добиеме инструкција или мислење од страна на Комисијата, понатаму ќе продолжиме во разговорите со Општина Тетово и секако дека сите одлуки мора да поминат и на Главниот координативен штаб на Владата и на владина седница, изјави министерката за образование, Мила Царовска.

Тетовската градоначалничка Теута Арифи вчера на прес-конференција побара во тетовскиот регион првите три недели од новата учебна година да бидат онлајн, а потоа учениците да почнат да одат во училиштата. Причината е високите бројки на заболени од ковид во Тетово, а барањето е испратено до Кризниот штаб на Владата, Министерството за образование и Комисијата за заразни болести.

Реклама

– Ние како штаб за Тетово ќе ги контролираме дали имаат барем една доза вакцина вработените. Тие што не се вакцинирани во училишта ќе бидат обврзани секои 72 часа да донесат доказ за негативен тест и да продолжат да работат. Мислам дека мора да повикуваме на вакцинација и малку да наложиме. Ние како локални авторитети ќе го спроведеме, поради здравјето на сите. Свесни сме дека некој поради здравствени причини не може да прими вакцина, ама тоа може да се аргументира пред училиштето. Како што се прави тестирање за шетање, така и за школо ќе се прави, изјави вчера Арифи.

Царовска, пак, вчера увери дека според искуствата од минатата учебна година, безбедни се условите за учениците да ја започнат учебната година во училишните клупи.

– Сите ја следат епидемиолошката состојба на локално ниво и сите сме тука, заедно да гледаме која е опцијата да почнеме сите истовремено под еднакви услови. Ние се водиме од меѓународните и од нашите, домашни искуства од минатата година и од препораките на Комисијата за заразни болести. Она кое е утврдено на владина седница уште во јуни е дека Министерството треба да се подготвува за три сценарија: едното е целосно физичко присуство, другото е хибриден модел и последното-сите со онлајн настава. Неодамна, пред три владини седници, сите заедно, по препорака на Главниот координативен штаб, донесовме одлука учебната година да почне на 1 септември и да стартува со физичко присуство за сите ученици во сите училишта. Тоа го подготвуваме и за тоа се подготовките, изјави Царовска.

Вчера, здружение на граѓани во кое членуваат родители побараа онлајн наставата да биде избор на секој родител, односно секој да може да одлучи дали детото ќе следи настава од далечина или со физичко присуствува поради актуелната состојба.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

СДСМ: Димитриевски ѝ сврте грб на партијата

Next Post

Богоев потврди дека партијата го спрема за Царина - дали ќе биде, не знае

Реклама