Изградбата на новата двонасочна велосипедска патека на булеварот Александар Македонски во општината Гази Баба е во тек, со која велосипедски ќе се поврзат населбите Автокоманда, Ченто и Маџари.
Станува збор за продолжение на постојната велосипедска патека во должина од 550 метри, на потегот од клучката „Естекада“ до бензинската на Лукоил.
Градот Скопје минатата година целосно го реконструираше коловозот на булеварот Александар Македонски во должина од 5.300 метри кој е од исклучително значење бидејќи се наоѓа на источниот влез на Скопје.