Dark Mode Light Mode

Протеран руски дипломат од Амбасадата во Скопје

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на прес-конференција и лично ја потврди информацијата која вчера ја објавија некои медиуми на албански јазик, дека минатата недела дипломат од Руската Амбасада во Скопје е прогласен за персона нон грата.

-Бидејќи информациите од овој карактер се доверливи, само ќе кажам дека Министерството за надворешни работи, во рамките на своите надлежности, ги презема сите соодветни мерки и активности согласно виенската конвенција за дипломатски односи со цел да ја заштити националната безбедност на Македонија, како и безбедноста на нашите сојузници, изјави денеска Османи на прес-конференцијата.

Медиуми на албански јазик, повикувајќи се на извори од Министерството за надворешни работи, објавија дека минатата среда повторно бил депортиран заменик -военото аташе А. Шевченко, кој презел несоодветни дипломатски дејствија.

Реклама

Во мај годинава, еден руски дипломат во земјава беше прогласен за персона нон грата, а како причина за протерување на дипломатот се посочуваат активности што не се во согласност со однесувањето кое се очекува од странски дипломат што служи во земјата домаќин.

Претходно, рускиот амбасадор во Скопје, Сергеј Александрович Баздикин, бил повикан во македонското Министерството за надворешни работи, каде што бил известен за тоа.

Потоа како реципрочна мерка беше протеран еден наш дипломат од Амбасадата во Москва.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Бројот на дневно вакцинирани вчера бил над 12 илјади со прва доза

Next Post

Србија почнува со трета доза вакцина против ковид

Реклама