Dark Mode Light Mode

Попладнево пороен дожд, грмежи и силен ветер во Скопје, така ќе бииде и утре

Пороен дожд, грмежи и силен ветер попладнево го зафати Скопје.

Сето ова траеше кратко, а во некои деловиод градот дури и дојде до прекин во снабдувањето со електрична енергија. Во Скопската котлина некаде имаше и невреме со град.

Како што соопшти УХМР, до крајот на денот ќе има локална појава на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за невреме со град.

Реклама

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а по должина на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Попладне ќе има локална појава на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ-индексот ќе биде 8.

Во следните денови ќе се задржи сончево време со умерена облачност. Во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Утре ќе дува умерен, а по Повардарието засилен ветер од северен правец што ќе предизвика дневната температура во следните денови да биде пониска за неколку степени.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

ЦУК до 17 часот: Има шест активни пожари, но и лажни пријави

Next Post

Кривата стана вертикала: 14 починати и 999 нови заразени за 24 часа

Реклама