Dark Mode Light Mode

Над 500 пациенти се лекуваат од ковид во болница, многу повеќе од лани ова време

Повеќе од петстотини пациенти со ковид се хоспитализирани во болниците низ државата – бројка неколкукратно поголема од истиот овој период лани. Од денеска во функција се модуларната болница на Инфективна, како и капацитетите на ГОБ „8 Септември“.

Од Министерството за здравство велат дека има слободни места за нови пациенти, а ако е потребно капацитетите и дополнително ќе се прошират.

Во моментов хоспитализирани се вкупно 540 лица во сите ковид центри во државата. На инфективното одделение во Тетово има 104 пациенти и во Гостивар 81. Пациентите од ковиид центрите во Тетоо и Гостивар се примаат на Инфективна во Скопје и во болницата во Лешок.

Реклама

Во Тетово ситуацијата е драматична – се отвораат нови одделенија за прием на заболени, а од тетовската болница прогнозираат дека врвот на заразата таму се уште не е ниту достигнат.

Во последните 24 часа има 14 нови пациенти поради што е отворен и одделот за нервни болести. Вчера во тетовската болница за преглед имало 224 пациенти.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Случајот во Табановце е убиство: Мажот бил застрелан, а жената прободена

Next Post

Влада: Да не се шири паника, во земјава не доаѓаат екстремисти од Авганистан

Реклама