Две лица починати, со повреди, пронајдени се во нивниот дом во кумановското село Табановце, соопштија денеска од полицијата.
Денеска во 8:20 часот во СВР Куманово е пријавено дека во нивниот дом се пронајдени починати маж на 43 и ќена на 36 години од селот Табановце кои имале повреди.
Полициските екипи се на местото и во координација со Основно јавно обвинителство Куманово се врши увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Од полицијата и од Јавното обвинителство најавија повеќе информации во текот на денот.