Dark Mode Light Mode

Марин се фали за „Лазо Ангеловски“, но аеродромци извисија за „Димитар Македонски“

Градоначалникот на Аеродром, Златко Марин, вчера објави фотографии на Фејсбук дека целосно завршила изградбата на новите четири училници во рамките на основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче. На фотографиите доградениот дел изгледа пристојно, училниците имаат опрема и соодветен инвентар.

-Изградбата на новите училници е од исклучителна важност за нашите ученици. Со изградбата не само што се прошири капацитетот на училиштето, туку се реши и деценискиот проблем, со што конечно се укинува третата смена во наставата, што беше еден голем проблем за овој дел од Аеродром, напиша Марин.

Меѓу коментарите под неговата објава има и честитки, но и речиси идентичен број на критики зошто се чека токму крајот на мандатот за да се сработат ваквите капитални објекти. Меѓу прашањата има и такви што се однесуваат на училиштето „Димитар Македонски“ за кое аеродромци повеќе пати слушнаа најави, но немаше епилог. Ветувањето за ново училиште Марин го даде уште кога седна во градоначалничката фотелја.

Реклама

И последната официјална информација од општината за „Димитар Македонски“, дадена некаде во јули, е пак само најава дека „наскоро ќе се заврши изградбата“.

Колку за потсетување, претпоследното соопштение на градоначалникот Златко Марин е во октомври 2020, кога рече дека „по средбата во Министерството за образование и наука, се интензивира изградбата на училиштето „Димитар Македонски“.
Станува збор за капитален проект, исто како и „Лазо Ангеловски“ кој опфати изградба на приземје и кат односно четири нови училници, хол, канцеларии и санитарни јазли, што се поврзани со веќе постојниот објект на училиштето.

Инаку Марин е еден од кандидатите за градоначалници на СДСМ кои се уште не ја добиле довербата од Зоран Заев да трчаат за втори мандати.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Утре без вода на улица „Македонија“ кај куќата на Мајка Тереза

Next Post

Почна традиционалната меѓународна ликовна колонија „Ѓуриште 2021“

Реклама