Dark Mode Light Mode

Пожарот кај Сарај од попладнево ќе се гаси со два хеликоптера

Еден македонски и еден црногорски хеликоптер попладнево ќе го гасат пожарот во Општина Сарај кај селата Раовиќ и Буковиќ иако веќе е локализиран во делот на селото Раовиќ.

-Дел од пожарот во село Раовиќ во Општина Сарај е локализиран, но на потегот село Буковиќ, село Чајлане кон Матка се  уште е активен. Во попладневните часови на овој пожар ќе се интервенира и од воздух со 26 луѓе од Воздухопловниот винг со еден македонски армиски хеликоптер и еден хеликоптер на Република Црна Гора, информира Надица В’чкова од Центарот за управување со кризи (ЦУК) на попладневната прес-конференција во ЦУК.

Таа нагласи дека пожарот во атарот на селата Ракле, Никодин и Топлица во Општина Прилеп е активен но е со слаб интензитет.

Реклама

-Пожарот е на непристапен терен и станува збор за приземен пожар каде гори лисната постилка и сува трева. Во високиот дел има чадење, но во овој момент не постои опасност за проширување. Во моментов на овој пожар интервенираат екипи од прилепската локална самоуправа, Дирекцијата за заштита и спасување и екипи на МВР од Прилеп и Битола, прецизира В’чкова.

Реактивиран е и пожарот над село Безгаштево помеѓу Берово и Струмица накај село Нивичани на браната Турија. Утре рано изутрина ќе се преземат активности за негово локализирање, бидејќи се работи за тешкопристапен терен на кој е потребно повеќе од три часа да се стигне до локацијата.

Човечкиот фактор е најчеста причина за избувнувањето на пожарите на отворен простор низ земјава, било да станува збор за намерно или ненамерно потпалување.

-За превенција и откривање на сторителите и спречување на подметнување на пожари на отворен простор МВР засилено настапува на терен и има ангажирано преку 600 полициски службеници. Досега во гасењето на пожарите учествуваа полициски службеници од специјалните единици, а беше ангажиран и хеликоптер на МВР, потенцира В’чкова.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Утре до 39 степени, попладне дожд

Next Post

Утре без вода на улица „Македонија“ кај куќата на Мајка Тереза

Реклама