Dark Mode Light Mode

Поради реконструкција на улица изменет сообраќаен режим за три линии на ЈСП

Од денеска, понеделник (9 август), линиите 5, 11 и 11А во реонот на Дексион, имаат изменет режим на сообраќај од вообичаениот, поради градежни зафати на улица Кузман Шапкарев.

Од ЈСП информираат дека автобусите од посочените линии ќе возат по новиот режим, сè до завршување на градежните активности кои се изведуваат по налог на Град Скопје.

ЛИНИЈА 5

Реклама

*автобусите од семафорите на булевар Ѓорче Петров вртат лево кон болницата „Санте плус“, па потоа кружно излегуваат повторно на булеварот и продолжуваат по редовната траса
*автобусите за почетно/крајна постојка ја користат постојката во Јурија, а истата постојка ја користат
и возилата од линија 160
*посочениот режим важи и во двете насоки на сообраќање

ЛИНИИТЕ 11 и 11А

*автобусите во насока од Рашче и Свиларе кон Транспортен центар, од Дексион се пренасочени по улица Црногорска, па десно по улица Атанас Иљоски, лево на улица Борис Сарафов и продолжуваат право на кружниот тек, па од кај Порта Влае продолжуваат по редовната траса
*автобусите во насока од Транспортен центар кон Свиларе и Рашче сообраќаат по редовните траси

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Досега во земјава има 30-тина случаи на заразени со делта сојот

Next Post

Вакцинирајте се ако сакате да пиете кафе или се ќе затвориме, порача Бектеши

Реклама