-Ако сакате да пиете кафе, вакцинирајте се.
Вака министерот за економија Крешник Бектеши ги повика граѓаните, особено угостителските објекти, да ги почитуваат мерките за заштита и протоколите, оти само на тој начин ќе се спречи ширењето на коронавирусот. Тој потенцира дека како Влада се обврзани да ги поттикнат сите граѓани да се вакцинираат, се со цел да не бидат доведени во ситуација да воведат порестриктивни мерки.
-Ако сме доведени во ситуација да воведеме целосен „локдаун“ на одреден сектор, ние, како и претходно, ќе донесеме економски мерки за целосно затворање на одредени сектори, рече Бектеши.
Државниот пазарен инспекторат ќе врши контроли на сите угостителски објекти дали мерката се почитува или не.
-Од 16 август, во внатрешните простории не може да влезат гостин. Надвор, на терасите, треба да се почитуваат протоколите и плус сега со дополнувањето да се има потврда за вакцинација. Од 16 август нема да има свадби и прослави во затворен простор. На отворено, како што се бара потврда за вакцинација во угостителските објекти, така ќе се бара и за тие кои организираат свадби и прослави гостите да покажат потврда дека се вакцинирани, изјави Бектеши, дополнувајќи дека остануваат претходно донесените протоколи за угостителските објекти, сега дополнително со новата мерка.