Во последните 24 часа се направени 3.101 тестирање, а регистрирани се 143 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 79, Гостивар – 16, Кичево – 12, Дебар – 8, Куманово – 7, Тетово и Струга – по 6, Радовиш – 3, Струмица – 2, Кавадарци, Крива Паланка, Берово и Македонски Брод – по 1.
Пријавени се 2 починати лица од Тетово (31 и 70) во болнички услови, а регитрирани се 32 оздравени.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 158.164 бројката на оздравени пациенти е 150.556, на починати е 5.509, а бројот на активни случаи изнесува 2.099, од кои 669 во Скопје.