Dark Mode Light Mode

Уште седум обвинети од нарко-групата од Грчец се спогодија и признаа вина

По спогодбите со седумтемина припадници на т.н. група од Гази Баба осомничени во предметот „Планина“, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција склучи предлог -спогодби со уште седум лица од групата во Грчец, соопшти ОЈО.

Откако биле запознаени со доказите што Обвинителството ги има за нив од предистражната и истражната постапка, тие го признале кривичното дело за кое се товарат. Потоа, како што велат од ОЈО, судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје ги прифатил предлог – спогодбите и тие се прогласени за виновни за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори предвидено и казниво по член 215 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Со пресуда на обвинетите им е изречена казна затвор во која се пресметува и времето поминато во притвор и тоа:

Реклама

-на осомничениот С.С.(34) осудуван за други кривични дела во траење од пет години;

-на осомничените Б.Љ.(39) и Ф.Љ. (33) осудувани за други кривични дела во траење од по три години и шест месеци и

-на осомничените И.А. (19), С.Е. (21), Е.И. (24) и Ќ.Љ. (29) досега неосудувани во траење од по три години.

Во периодот од март 2020 година до  март 2021 година осомничените И.М. и Б.Љ. кои се недостапни на органите на прогонот, како и други непознати лица, во повеќе наврати искористувајќи исти прилики и други слични околности неовластено купувале кокаин, хероин и марихуана и истата ја криеле на безбедни локации во с.Грчец.

За неовластена продажба организирале мрежа на препродавачи и посредници во која биле опфатени и останатите осудени и осомничени лица. Тие имале задача да воспоставуваат контакти со заинтересирани купувачи од Тетово, Гостивар, Скопје, Струмица и други градови. Откако ќе ја договореле цената, количината и видот на наркотичната дрога, ги известувале И.М. и Б.Љ. кои им ја давале измерена и спакувана нарачката. Препродавачите добивале процент од постигнатата цена која се движела од 4-5 000 денари по грам за кокаин и од 12-15 000 денари за 100 грама марихуана.

Обвинетите што се спогодија со обвинителството се упатени на издржување на изречената казна, а за останатите истражната постапка е во тек.​

Претходно, во средината на јули, исто така седуммина припадници на наркогрупата од Гази Баба, осомничени во предметот „Планина“ го признаа извршувањето на кривичното дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и се спогодија со обвинителството, информираа од Јавното обвинителство.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Груби се пофали дека по 20 години го нашол оригиналот на Охридскиот договор, но кој го криел?

Next Post

Седум илјади евра казна за скопски ресторан за организирање свадби среде пандемија лани

Реклама