Dark Mode Light Mode
Мини Шенген стана Отворен Балкан
Изгласана Резолуцијата за „црвените линии“ во преговорите со Бугарија
ВМРО-ДПМНЕ би коалицирала со секој кој е против власта

Изгласана Резолуцијата за „црвените линии“ во преговорите со Бугарија

Со 95 гласа „за“ и еден воздржан, Собранието ја усвои Резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадите на европските интеграции, поднесена од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно, мнозинство пратеници го поддржаа амандманот поднесен од група пратеници во Резолуцијата да се внесе уставното име на државата Република Северна Македонија, но не и од ВМРО-ДПМНЕ.

За Резолуцијата говореше само по еден претставник на пратеничките групи.

Реклама

Пратеникот од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски посочи дека со Резолуцијата на македонската дипломатија и се дава цврста алатка во раце, со која на меѓународната сцена одговорно ќе се грижа за целосна заштита на македонскиот идентитет, традициите, етнокултурна посебност, колективен интегритет, заеднички економски живот и наративот за припадност на одреден и географски простор.

– Ова се нашите црвени линии, ова е тоа преку коешто никој ниту имал, ниту ќе има мандат да премине. Преку ова дело го поставуваме никулецот кој ќе ја воздигне нарушената гордоста на нашите граѓани, на нашата нација и држава, рече Муцунски.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески рече дека за социјалдемократите е прифатлива Резолуцијата, но, со прифаќање на нивниот амандман со кој во неа се внесува уставното име Република Северна Македонија, со цел таа да биде во согласност со Уставот.

-Треба да излеземе пред граѓаните и да им кажеме да немаат никакви дилеми затоа што ние имаме јасна цел, а тоа е евроатлантскиот пат и ние ќе станеме членки на ЕУ како Македонци, кои зборуваат македонски јазик, рече Митрески.

Координатор на пратеничката група на Алијанса на Албанците и Алтернатива Скендер Реџепи се изјасни дека ќе ја поддржат Резолуцијата, но побара од лидерите на најголемите македонски партии да иницираат уставни измени со кои Албанците нема да бидат само процент над 20 отсто, туку државотворен народ.

И пратеникот од Левица Димитар Апасиев се изјасни дека ја поддржуваат Резолуцијата, која ја оцени како „бенигна“, пишувана со дипломатски манири, и напомена дека неговата партија е за по „хардкор“ варијанта.

– Овие документи кои ние ги носиме како резолуции и декларации се само симболични. Вистината е една-Македонци имало, има и ќе има, без оглед дали политичарите преговараат како ќе им се вика јазикот, државата и друго, рече Апасиев.

Според него, ветото од Бугарија доаѓа по доаѓањето на власт на Зоран Заев, односно по потпишувањето на Преспанскиот договор.

Тој смета дека државата треба да се фокусира и на алтернативи оти многу долго ќе остане во чекалната на ЕУ.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Мини Шенген стана Отворен Балкан

Next Post

ВМРО-ДПМНЕ би коалицирала со секој кој е против власта

Реклама