Dark Mode Light Mode

Полицијата растури полноќна дива трка на автопатот Скопје – Тетово

Тетовската полиција синоќа во периодот од 00.30 до 01.30 часот, преземала акција по претходно добиени информации дека на автопатот Скопје-Тетово, односно од бензинска пумпа на автопатот до влезот на Тетово кај клучка север, ќе бидат организирани диви трки.

На самото место биле затекнати 14 автомобили со тетовски и странски регистарски таблички, кои биле привремено задржани во полициската станица во Тетово.

Во текот на денешниот ден возилата биле на вонреден технички преглед, при што кај шест од нив биле констатирани технички неисправности, од кои 2 биле за поголема бучавост од дозволеното и биле конфискувани во траење од 3 месеци.

Реклама

Сите неисправни возила веднаш се исклучени од сообраќај, а против нивните возачи се поднесени соодветни поднесоци и тие ќе се соочат со казна од 400 евра.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Многу топло време до 6 август, некаде и над 42 степени

Next Post

Лицата од екс-ју републиките кои живеат тука во следните три години ќе добијат македонско државјанство

Реклама