Dark Mode Light Mode

Мини Шенген стана Отворен Балкан

Досегашната иницијатива „Мини Шенген“ од денеска е Орворе Балкан, а ппремиерот Зоран Заев, неговиот албански колега Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Скопје ги потпишаа првите официјални документи за соработка за, како што нагласија, силен импулс за поттикнување на регионалната соработка.

Потпишани се Договорот за соработка за заштита и спасување од катастрофи во Западен Балкан, Меморандумот за разбирање за соработка во врска со слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан и Меморандумот за разбирање за соработка за олеснување на увозот, извозот и движењето на стоки во Западен Балкан.

Со Меморандумот за разбирање за соработка во врска со слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан се изразува волјата да се олесни движењето на луѓето за да се обезбеди полесен и послободен пристап до пазарот на трудот со отстранување на работни дозволи и поедноставување на постапките за дозволите за привремен престој.

Реклама

Меморандумот за разбирање за соработка за олеснување на увозот, извозот и движењето на стоки во Западен Балкан има за цел да ја зголеми и зајакне економската соработка меѓу трите земји.

Една од најважните придобивки од овој меморандум е поедноставувањето на процедурите поврзани со увоз, извоз и транзит на стоки во најголема можна мера со размена на податоци меѓу царинските и другите надлежни органи.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

И денеска пораст на бројот на заразени - за 24 часа нови 54

Next Post

Изгласана Резолуцијата за „црвените линии“ во преговорите со Бугарија

Реклама