Dark Mode Light Mode
Лицата од екс-ју републиките кои живеат тука во следните три години ќе добијат македонско државјанство
Мобилни тимови за лоцирање на трговија со луѓе – глави точки се Скопје, Тетово, Битола, Гевгелија и Куманово
Две момчиња избодени со нож пред маркет во Чаир

Мобилни тимови за лоцирање на трговија со луѓе – глави точки се Скопје, Тетово, Битола, Гевгелија и Куманово

Во рамки на одбележувањето на 30 јули – Светскиот ден за борба против трговијата со луѓе, денеска Министерството за внатрешни работи, заедно со Министерството за труд и социјална политика и невладините организации, со поддршка на ИОМ, ги реактивираа мобилните тимови за идентификација на жртвите и потенцијалните жртви на трговија со луѓе.

Нивната работа ќе биде навремена идентификација и работа директно на терен со најранливите категории на граѓани.

Петте мобилни тимови во Битола, Гевгелија, Куманово, Скопје и Тетово се формирани во јануари 2018 година, потсети Несторовска, и се еден од успешно реализираните приоритетни активности предвидени во тогашниот реформски владин план 3-6-9 со поддршка на ИОМ.

Реклама

Во периодот март 2018 – декември 2019 година, мобилните тимови првично контактирале, информирале и асистирале 797 лица и тоа 719 државјани на Македонија и 78 странски државјани, од кои биле детектирани 14 жртви на трговија со луѓе. Сите тие биле жени, од кои 10 деца и четири возрасни, како и 190 потенцијални жртви на трговија со луѓе и 593 ранливи категории лица, од кои 318 мажи и 275 жени.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Лицата од екс-ју републиките кои живеат тука во следните три години ќе добијат македонско државјанство

Next Post

Две момчиња избодени со нож пред маркет во Чаир

Реклама