Dark Mode Light Mode

Многу топло време до 6 август, некаде и над 42 степени

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ до 6 август продолжува периодот на стабилно и исклучително многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината. Aктивирано e портокалово ниво на опасност од високи температури, а вредноста на УВ индексот изнесува 9.

Наместа долж Повардарието температурата ќе го надмине и 42-тиот степен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Времето утре ќе биде сончево и многу топло. Утринските температури ќе се движат од 14 до 24 степени, а дневните од 33 до 42 степени.

Реклама

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и многу топло со утринска температура до 20 степени, а дневна до 42 степени.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Парична награда од МОК за Георгиевски за олимпискиот медал во Токио

Next Post

Полицијата растури полноќна дива трка на автопатот Скопје - Тетово

Реклама