Dark Mode Light Mode

Продолжен викенд за 2 август

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 2 Aвгуст (понеделник), Ден на Републиката е неработен ден за сите граѓани.

Денот на Републиката е државен празник, a исто така и голем верски празник—Илинден, во чест на пророкот Св. Илија—според јулијанскиот календар.

Денот на Републиката се прославува во знак на сеќавање на два големи настани кои се случиле на овој датум, и со кои се удрени темелите на македонската државност: Илинденското востание од 1903 година кое било организирано од Внатрешната македонска револуционерна организација против Отоманското Царство, и во текот на кое била прогласена република, и Првото заседание на АСНОМ од 1944 година, во текот на Втората светска војна, на коe се поставени основите на денешна Република Македонија.

Реклама

Прогласен е за државен празник уште на Првото заседание на АСНОМ во 1944.

Големи народни собири се одржуваат во сите манастири, а се организира и коњанички марш од Скопје до Крушево каде што е прогласена Крушевската република во 1903 година. Главната прослава се одржува на Мечкин камен, каде што имало борба со отоманските војски во која загинал Питу Гули.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Седуммина чешки планинари се изгубиле на Шар Планина - успешна акција за спасување

Next Post

Жител на скопско Љубин дома имал оружје и муниција како за цела војска

Реклама