Триесет и двегодишен скопјанец загина во сообраќајна несреќа синоќа на локалниот пат ‘Ржаничино – Таор.
Според информациите од МВР, патничко возило „хонда“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И. Б. (32) од Скопје, излетало од патот, при што возачот починал на самото место, а смрт констатирал лекар од итната медицинска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.