Dark Mode Light Mode

Нашите и натаму се вакцинираат во Србија, иако бројката опаѓа

Иако бројката се намалува, се уште има македонски граѓани кои се вакцинираат во Србија. Освен во Бујановац, Врање, Ниш, македонските граѓани одат и во Белград.

Според податоците од пунктовите на белградскиот саем дневно се вакцинираат меѓу 300 и 500 граѓани, а за време на викендите меѓу 600 и 800 лица, од кои половината од нив се државјани на Македонија и Босна и Херцеговина.

Достапни се вакцините на „Фајзер“, „Астра Зенека“, „Синофарм“ и „Спутник В“.

Реклама

Според податоците на Здравствениот центар во Врање, до 23 јули годинава на вакциналниот пункт во Спортсака сала во овој град вкупно со првата доза вакцинирани се 12.006 македонски граѓани, додека со втората доза вакцинирани се 9.392 наши државјани.

Засега македонските власти немаат податоци колку точно наши државјани се вакцинирани во Србија, иако неколку пати беше најавувано дека тоа ќе се обебеди во соработка со српските власти.

Единствен напредок беше направен кога се дозволи нашите државјани кои прва доза примиле во Србија, да се ревакцинираат во Македонија, освен со „Астра Зенека“ за лица под 60 години.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Расте бројот на заразени - денеска 39, најмногу од Тетово и Скопје

Next Post

Дејан Георгиевски ѝ донесе олимписко сребро на Македонија

Реклама