Dark Mode Light Mode

Случајот „Јавна соба“ воведе кривично дело демнење

Со измените на Кривичниот законик се воведуваат неколку нови кривични дела со кои ќе се обезбеди заштита на жените од сексуално и друг вид вознемирување.

–  Со новото дело „Демнење“ предвидуваме строги санкции за вознемирување и преку интернет, нешто што за жал, кај нас и во светот се случува се почесто. Да бидам попрецизен, откако измените ќе стапат на сила, тој што неовластено ќе следи, прогонува или на друг начин ќе се меша во личниот живот на друго лице, или со него воспоставува или се обидува да воспостави  несакан контакт, со движење во просторот каде се наоѓа тоа лице, со злоупотреба на личните податоци, со користење на средства за јавно информирање и други средства за комуникација, или на друг начин психички го злоставува, вознемирува или застрашува, ќе се казни парично, а може да добие и затворска казна до три години. Со ваквото дело се утврдува како се постапува кога некој и преку интернет заплашува или настојува од оствари несакан контакт со друго лице, објасни министерот за правда Бојан Маричиќ.

Измените предвидуваат и дополнителна заштита на жените, кои произлегуваат од Истанбулската конвенција, која Северна Македонија ја потпиша уште во 2011 година, а ја ратификуваше седум години подоцна. Со измените кои произлегуваат од оваа конвенција, истакна Маричиќ, правно се заштитува жената од секаков вид на насилство.

Реклама

Како еден од поводите за ваквите измени, според Маричиќ е и случајот „Јавна соба“ кога јавноста беше вознемирена од Телеграф групата каде меѓу другото се споделуваа и лични податоци на девојки, кои потоа беа на различни начини вознемирувани.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Нападот врз новинари станува напад вр службено лице, ќе се гони по службена должност

Next Post

Демнат измамници: Повозрасен охриѓанец „паднал“ на лагата на тетовец

Реклама