Македонскиот таеквондистот Дејан Георгиевски го освои второто место и сребрениот медал на Олимпијадата во Токио.
Тој попладнево во финалето во категоријата +80 килограми, загуби од Русинот Владислав Ларин со 15:9.
Георгиевски се запишува во историјата на македонскиот спорт, како втор освојувач на медал на Олимпијадите.
Претходно, пред 21 година, на Игрите во Сиднеј, Могамед Ибрагимов освои бронзен медал во борење.
На патот до финалето, првиот роден Македонец кој дојде до олимписки медал ги победи Алба Кастиљо од Куба, Ин Дон од Кореја и Сејду Гбане од Брегот на Слоновата коска.
Дарко Костовски, тренерот на македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски, му го честиташе на својот ученик освоениот сребрен медал на Игрите во Токио, оценувајќи го како најголем спортски успех од независноста на македонската држава.
– Го имаме најголемиот историски успех од како нашата Македонија е независна. Браво лаву, браво јунак, ти си новата спортска македонска икона и идолот на новите генерации, објави Костовски на социјалните мрежи непосредно по финалната борба.