Dark Mode Light Mode

Власта со амандман ќе го вметне „Северна“ во резолуцијата што ќе ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ за спорот со Бугарија

Премиерот Зоран Заев најави дека владејчкото мнозинство со амандман ќе интервенира во предлог-резолуцијата за решавање на прашањето со Бугарија за да стои уставното име на земјата – Република Северна Македонија и за тоа сами ќе обезбедат гласови.

– Само така тоа ќе биде уставно исправен документ, а сите заедно ќе ја гласаме резолуцијата со што ќе испратиме порака на единство дека сакаме решение со Бугарија, но и оти знаеме што е дозволиво, а што не, рече Заев.

За најавата дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се воздржи од гласање по амандманот, вели дека тоа е затоа што тие, ја прифаќаат реалноста, но уште стојат на ставот за непризнавање на Преспанскиот договор.

Реклама

Сепак, смета Заев, најважно е резолуцијата да биде донесена и да се испрати порака на единство.

–Тоа што е добро за граѓаните не може да го негирате, треба да го поддржите. Ние имаме општи одредби во резолуцијата кои што без било каква промена на точка или запирка ги поддржуваме, но, истовремено Уставот е реалност и затоа парламентарното мнозинство интервенира со амандман и тоа самото ќе обезбеди гласови, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање.

Заев ги повика пратениците од Алијанса за Албанците и Алтернатива да го поддржат амандманот, затоа што, како што рече, биле и за промена на Уставот и за Преспанскиот договор заради ЕУ и НАТО интеграциите на земјава. Но, додаде Заев, повикувам за амандманот да гласа и некој од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што, како што истакна, тоа е реалност во државата.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Теренска вакцина против ковид во 31 населено место - поверете кога и кај вас

Next Post

Возачот кој ја предизвика сообраќајката кај Славонски Брод може да добие 15 години затвор

Реклама