Времето денеска ќе биде сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. УВ=9
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне 39 степени.