Едно лице од Скопје било приведено во Охрид кога полицијата кај него пронашла дрога.
Според информации од полицијата, денеска, во 14.40 часот, на булеварот Туристичка полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Е. Н. од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.